Партијата за демократски прогрес ја обвини владата на Република Српска дека на 31 декември и на 1 јануари на Светлана Ражњатовиќ за лични потреби и бил даден хеликоптер , што е во директна надлежност на кабинетот на претседателотДодик.  Од партијата се повикуваат на фотографиите и написите во медиумите на кои се гледа како Цеца патува со хеликоптерот за да настапи на Новогодишната ноќ во ноќен клуб во сопственост на човек близок до претседателот Милорад Додик.

Од ПДП бараат владата да објасни кој ќе ги покрива трошоците за користењето на хеликоптерот.

Од Владата одговараат дека Цеца не се возела од Белград до Бања Лука со владиниот хеликоптер , туку само над Бања Лука и тоа летот бил во знак на благодарност, бидејќи Цеца дел од  хонорарот  од настапот за Нова година ќе го донирала во хуманитарни цели .

Од хеликоптерскиот сервис за злонамерни ги оценуваат тврдењата оти Цеца се возела во хеликоптер по налог на претседателот на Република Српска , Додик .

Датум на објава: вторник, 02 јануари 2018 во 18:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:29

коментари

остави коментар