Приоритет ќе биде да се надминат постојните проблеми во сите театри и домови на култура во земјава.

„Наша заложба е да се подобрат условите на сите институции на културата меѓутоа ние рековме пред да преминеме во нови градби приоритет би ни било санација на постојната културна инфраструктура. Во таа смисла охридскиот театар е еден од театрите кои што имаат   реални проблеми со фукнционирањето“, рече Алаѓозовски.

Охрид со години добива ветување дека ќе добие современ театар и Дом на култура каков што доликува на главниот туристички центар. Охридскиот театар работи во најлоши услови во земјава.

„Недостасуваат простории,недостасува опрема,  недостасува објект кој ќе биде енергетски ефикасен и се разбира недостасува најважното дом. Секој театар треба да има свој дом, театарот не треба да биде во склоп на Центар за култура, А во Охрид очигледно е дека тоа е потребно“, вели Деана Николовска театарски режисер.

Според министерот повеќето театри во земјава се соочуваат со бројни инфраструктруни предизвици. 

Претежно проблеми со греење и прокиснување имаат театрите и во Прилеп, Штип и  Куманово.


Датум на објава: вторник, 02 јануари 2018 во 13:38
Соња Рилковска
Обновено во: 14:00

коментари

остави коментар