Таа соопшти дека трета година по ред книгите на овој француски писател им се најпродавани.

За минатата 2017 година првото место на Мисо му припадна за книгата „Девојката од Бруклин“.

На второ место меѓу најпродаваните е книгата „Светското зло и беда -наследството на 13 династии на илуминатите“ од авторот Робин де Рајтер, а на третото место повторно е Гијом Мисо со делото „Апартман во Париз“.

Само четворица македонски автори се на оваа листа - Венко Андоновски, Александар Алексов, Коста Петров и Олга Синадиновска.

По трите наведени наслови, следни на листата топ 20 на КупиКнига.мк се:

4. „1984“ - Џорџ Орвел

5. „Буквар: читаме и пишуваме латиница“ - Венко Андоновски, Олга Синадиновска

6. „Запишано во ѕвездите“ - Паринуш Сание

7. „Тајна задача: љубов“ - Џули Џејмс

8. „Т.е. љ.у.б.а.м. - тоа е вистината“ - Александар Алексов

9. „Никој не рече дека ќе биде лесно“ - Коста Петров

10. „Ако не постои утре“ - Гијом Мисо

11. „Десет илјади љубовници“ - Едит Равел

12. „Гордост и предрасуда“ - Џејн Остин

13. „Во еден момент“ – Гијом Мисо

14. „Станарката на замокот Вајлдфел“ - Ен Бронте

15. „Те нема никаде“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ

16. „Ноќ и ден“ - Вирџинија Вулф

17. „Дигитална тврдина“ - Ден Браун

18. „Пакет книги“ - Џозеф Марфи

19. „Менсфилд парк“ - Џејн Остин

20. „Бегалка: Исчезнатата Албертина“ - Марсел Пруст

КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги кој е, всушност, агрегатор на понудата од речиси сите издавачки куќи во Македонија и регионот.

Во моментов во понудата на КупиКнига.мк се повеќе од 54.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик од најразлични жанрови. /МИА

Датум на објава: вторник, 02 јануари 2018 во 13:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар