Прво имало вербална расправија, а потоа почнала и физичката пресметка на двајцата пејачи на легендарната рок група ,,Бијело дугме “.

Како што пишуваат Црногорските медиуми , веднаш по завршувањето на Новогодишниот концерт во Будва Ален и Тифа физички се пресметале зад сцената.

Наводно,  кавгата и тепачката почнала кога Тифа му замерил на Ален дека на концертот пеел делови од неговите песни.

Подебелиот крај во тепачката го извлекол Тифа. Двајцата пејачи и претходно не биле во добри односи, а веќе подолго се зборува за кавга во групата Бијело дугме. 


Датум на објава: понеделник, 01 јануари 2018 во 18:02
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:07

коментари

остави коментар