На програмата се хитови од светски познатите имиња како Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис и Емили Санде. Традиционално ваквите концерти привлекуваат многубројна публика така што и овој пат се бараше влезница повеќе.

„За овој концерт сме посебно мотивирани. Како солисти ќе настапат Наде Талевска, Ирина Димовска, Елена Затковска, Марија Груевска и младата Ана Гаштарова, кои ќе изведат дела од познати автори“, вели Владимир Димовски, диригент на Камерениот оркестар на Битола.
Камерниот оркестар стана препознатлив бренд во земјата и странство со годинашните концерти како плод на соработката со познатиот изведувач Роби Лакатош и македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски.

„На концертот во Ниш на сцената заедно настапивме со светски познатиот гитарист Мајк Стерн, а на следниот концерт публиката три пати не враќаше на бис.“, вели Владимир Цветковски, од Камерениот оркестар на Битола.

И следната 2018 година ќе биде плодна за Камерниот орекестар. Покрај концерти во земјата, се планира настап во Португалија и мини турнеја низ Хрватска.

Датум на објава: сабота, 30 декември 2017 во 12:13
Анета Шијакова

коментари

остави коментар