Како што вели авторот, книгата со божикниот драмски текст за деца го носи поднасловот „Приказна за раѓањето на Царот на царевите“ и претставува инсценација на повеста за раѓањето на Исус раскажана низ 12 сцени, со почетна игра, пролог и епилог. Почетната игра ги претставува традиционалните коледарски песни што се пејат не само во Скопје, ами и низ Македонија.
- Оваа книга проследена со повеќе шарматни илустрации и со постојано присутната сјајна Витлеемска ѕвезда се отвора со најавата „Кога се раѓаат големите цареви, на небото се појавува сјајна Ѕвеѕда“. Така, Витлеемската ѕвезда која го најавува раѓањето на малиот Христос  е еден вид постојано присутен лик на дејствието на оваа топло раскажана детска пиеса која почнува со раскажувањето на ангелот Гавриил. Шармот на пиесата го чини радосниот и разигран начин на претставување на религиозната приказна на Рождеството, блиска до сензибилитетот на најмладата публика, наведува Османли.
Според жанрот, пиесата „Новиот цар“ е божиќна мистерија, една од оние предлошки што низ театарските професионални, но и аматерски и училишни сцени, како на земјите од соседството, посебно низ оние на Европа и на прекуокеанскиот свет, се играат пред публиката од стари и млади гледачи и ја одбележуваат атмосферата на божиќните празници. Со појавата на оваа божиќна пиеса, и кај нас се надополнува токму таа празнина на божикниот жанр и празничен контекст.
„Новиот цар“ беше напишан, прв пат објавен и поставен на сцена во 2000 година и е првиот македонски драмски текст не само по повод стапувањето на вориот милениум од раѓањето на Христос, туку воопшто и драмски текст на религиозна тема.

Датум на објава: вторник, 26 декември 2017 во 09:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар