Засега нема официјални информации за тоа дали и колку кандидати за претседател ги собрале потребните потписи. Официјално партијата ќе ја извести јавноста откако ќе заврши постапката за пријавување, додека неофицијалните информации одат дотаму дека, сепак, можеби ќе има неколку кандидати за претседател.

ВМРО-ДПМНЕ се очекува вечер да оддржи Централен комитет, а синоќа на седницата на Извршниот комитет не беше прифатена иницијативата на повеќе партиски функционери и пратеници Конгресот да биде одложен за февруари и за колективно претседателство. Иницијативата, како што стои во партиското соопштение, нема да се најде на дневен ред на денешната седница на Централниот комитет. До попладнево ниту еден од потписниците на иницијативата се нема огласено во јавноста во врска со синоќешната одлука на Извршниот комитет и како тоа ќе влијае на односите внатре во партијата, на членството и демократизацијата на партијата. 

Централниот комитет, на седницата која треба да почне по протестите на членовите на партијата, треба да го потврди оддржувањето на Конгресот во Валандово. Очекувањата се дека по седницата ќе бидат објавени и имињата на кандидатите за претседател. 

Датум на објава: четврток, 21 декември 2017 во 13:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар