Искрено се надевам дека вашиот високо ценет ангажман, вашата посветеност кон христијанските вредности и принципи, ќе овозможат да се соочите со бројните предизвици на денешницата. Воедно, верувам дека вашиот углед и авторитет ќе помогнат во одбраната на универзалните вредности за кои се залагаме, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот, толеранцијата и меѓусебната почит. На тој план, во мене и во Република Македонија, ќе имате партнер и пријател, вели претседателот Иванов во честитката.

Во неа шефот на државата изразува уверување дека во периодот што следи, пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светиот Престол уште повеќе ќе се зацврстуваат и продлабочуваат.

Повторувајќи ги моите честитки до вас и до сите верници на Католичката црква, посакувајќи Ви долг и благословен понтификат, Ви ги упатувам Ваша Светост, изразите на моето највисоко почитување, додава претседателот Иванов во честитката до папата Францис.

Датум на објава: петок, 15 март 2013 во 17:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар