Македонија е единствената држава во Европа во која што се притвораат уметници, оперски пејачи, режисери, актери и активисти со измислени обвиненија.

Македонија е единствената држава во Европа во која што се притвораат полициски професионалци и лажно се обвинуваат за тероризам.
Не постои ниту еден доказ за обвинението за тероризам кое што сака да го конструира власта на Заев против Дурловски, Чавков, Јовановски, Дамовски, Илиевски и останатите. Постои само желба за политичка одмазда од страна на хунтата против сите кои имаа храброст јавно да се спротистават на антидржавните политики.

Отткако хунтата на СДС е на власт, Република Македонија не е демократска држава. СДС ја погреба демократијата.

Република Македонија сега е единствена земја каде што се притвораат пратеници и невини граѓани во судски монтирани случаи.
Секој граѓанин на Република Македонија кој ќе каже не и ќе се спротистави на оваа власт завршува во затвор.

ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот се спротиставува на оваа неправда која се случува во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува меѓународните организации да реагираат на уништувањето на демократијата во Република Македонија.
Притворите за пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се целосно неосновани, исто како што е неосновано обвинението за тероризам кое им се става на товар, ним и на лицата поврзани со настаните од 27-ми април. Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата.
ВМРО-ДПМНЕ поради оваа неправда која се случува останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира следните крстосници во период од 15 - 17 часот:

- Крстосницата кај „Мавровка“;
- Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
- Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 - Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 10:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар