Трамповата одлука
би можела да биде вистинска „бомба“ која ќе ги уништи напорите да се одржи мирот меѓу Израел и Палестина, како и децениските напори на американската надворешна политика, пишува „Вашингтон пост“.

Меѓународната заедница досега одбиваше да го признае Ерусалим како главен град на Израел, бидејќи источниот дел од градот се смета за окупирана територија.

Палестинците бараат источен Ерусалим да биде главниот град на нивната идна држава. Палестинскиот претседател Махмуд Абас смета дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ги поништува сите права САД да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори.
Тој ја осуди одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да ја премести Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 08:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар