Македонската публика ќе може да го погледне филмот од 7ми декември во киносалите низ републиката.

Филмот го поставува прашањето  како овие филмови, вклучувајќи ги и нивните митови, нивните приказни, нивните отворени лаги и скриените вистини, влијаеле и влијаат врз иднината на историјата на германското кино? Киното на Третиот Рајх било строго контролирана индустрија, предмет на строга политичка и културна цензура. Истовремено, се стремело да биде „големо кино“; идеолошка и естетска алтернатива на Холивуд. Германска фабрика за соништа. Меѓу другото, го продуцира и нацистичкиот блокбастер „Минхојзен“, по барање на Јозеф Гебелс. Оваа индустрија го возпоставува системот на ѕвезди во филмскиот свет и се служи со најновите маркетинг алатки.

Околу 1000 играни филмови биле произведени во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а само неколку биле отворено нацистички пропагандни филмови.  Во филмот ги гледаме овие филмови и луѓето зад нив. Како преку екраните успеале да бидат засадени во главите на гледачите стереотипите на „непријателот“ и вредностите за љубовта и омразата. Сухсланд е и автор на сценариото.

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 11:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар