За реализација на проектите се предвидени средства во висина од 3.688.866 денари, или 60 000 евра. Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани и тоа четири на локално ниво и четири на национално ниво.
- Целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво, соопштуваат од Фондација за Претприемачки сервис за млади.
Воедно, додаваат оттаму, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ./МИА

Датум на објава: среда, 15 ноември 2017 во 08:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар