На концертот, кој е во рамки на манифестацијата Есенски музички свечености, ќе бидат презентирани неколку дела од композиторскиот опус на Ортаков.
Тој е еден од основачите и професор на првата музичка високошколска установа во Македонија - Факултетот за музичка уметност во Скопје, на кој бил и декан од 1973 до 1975 година. Основач е на Музиколошкиот оддел на ФМУ во 1977 и втемелувач на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Ортаков е првиот магистер и прв доктор по музикологија во Македонија.
- Сестраниот ангажман и инкорпорираност на Ортаков се одразува во повеќе сегменти на македонската музика и културно живеење воопшто, преку еден плоден животен и работен век, кој сведочи за неговиот оригинален уметнички и научен лик во македонскиот  духовен простор, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје која ги организира Есенските музички свечености.

Датум на објава: среда, 15 ноември 2017 во 08:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар