- Од друга страна, Москва смета дека Запад се меша во нејзината сфера на влјание, во земји како Молдавија, Грузија и Украина, и нејзините акции на Балканот се одговор на зголемената улога на западните центри во овие земји. Меѓутоа, Москва нема некоја долгорочна стратегија во регионот и само ја користи слабоста на Западот, прави проблем на западните фактори и спречува проширување на евроатланстките институции. За Русија, Балканот не е некој приоритет и Москва овде не вложува такви средства како во Украина или во Сирија на пример. Но, од друга страна, во овие земји многу полесно може да влијае бидејќи антизападното расположение овде е многу поизразено, вели Бечев.

Бечев во интервјуто се осврнува и на медиумската помпа што се крена околу наводите за закани по живот на македонскиот премиер Зоран Заев.

- Во однос на наводната информација за атентат и целата работа со руското влијание во Македонија, тоа е многу темна тема. Од македонското разузнавање можеби имаат некои информации, но прашање е дали ќе бидат обелоденети. Ние не знаеме со какви ресурси располагаат Русите во Скопје и какви планови имаат. Знаеме само дека е зголемен персоналот на руската амбасада и тоа е индикатор. Не се знае дали имале некакви ангажмани со претходната влада и дали играле некаква игра. Очигледно е дека политичкиот естабилишмент во Македонија не знае конкретни работи за Русија. И кога анимозитетот спрема западните институции се зголемува тие секогаш гледаат алтернатива во Русија. Тоа е механизмот што работи на Балканот. Како во Србија и Црна Гора, така и во Македонија и Бугарија, вели Бечев во интервјуто за МИА што ќе биде објавено во наредните денови./MИА

Датум на објава: среда, 15 ноември 2017 во 08:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар