Во пукотници во близина на едно основно училиште загинале три лица , а има и ранети ученици, соопштија американските власти..

Напаѓачот бил ликвидиран од страна на полицијата.

Според првичните информации на полицијата, причината за пукањето е поврзана со семејно насилство.

Заменик-шерифот Фил Џонсон рекол дека полицијата спроведува истрага на пет локации, без да соопшти повеќе детали.

Техама се наоѓа на 184 километри северно од Сакраменто, главниот град на Калифорнија.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 22:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар