Предлогот на советникот Зоран Петрушевски од коалицијата За подобра Македонија го поддржаа и власта , опозицијата и градоначалникот Максим Димитриевски кој потенцираше дека ревизијата ќе ги покаже причините за лошото финансиско работење на општината и јавните претпријатија.
- Граѓаните треба да ја знаат вистината, но во подолг временски период, од 2000 година. Секој ден доаѓаат извештаи од државни ревизори, но за жал иако очекувам нема забелешки, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Раководителката на секторот за финансии рече дека досега се извршени сите редовни и неколку тематски ревизии кои покажале дека е работено според законот.
-Минатата година во јуни Финансиската полиција влезе и ги одзеде сите документи за превоз на ученици за претходните пет години, тие документи и овој процес траеја една година и пред два месеци општината доби известување со кое е потврдено дека нема никакви неправилности за спроверување на самата постапка и реализирање на истата, изјави Ирена Илиевска, раководител на Сектор за финансии.

Градоначалникот Димитриевски најави дека ќе побара ревизија во 2018-та година.


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 17:04
Снежа Петковска
Обновено во: 18:19

коментари

остави коментар