На отворањето на спортските лиги во сала Методија Андонов - Ченто, во населбата Маџари, градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.
- Вклучувањето на младите во спортот и спортските активности придонесува за изградбата на здрави личности. Само физички активната младина може вистински да го развива својот интелектуален потенцијал и да гради силна волја и јак морален дух, истакна Георгиевски.
Порача дека спортот и физичките активности се важни за здравјето на младите, што им помага во процесот на совладување на наставните содржини, во напорната работа, во секојдневните предизивици, како и во постигнувањето на успехот на повеќе полиња.

На територија на општина Гази Баба ќе бидат опфатени околу 1.500 ученици во овие лиги. Целта е да се мотивираат повеќе ученици да спортуваат, да се рекреираат и да другаруваат. 

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 16:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар