Имено, првопријавениот како градоначалник на општина Василево искористувајќи ја својата службена положба, за наводни потреби на општината,  на 29-ти септември 2017 година, побарал од второпријавениот вработен како в.д. Директор на ЈПКД „Турија“ п.о. Василево да ангажира работна машина во сопственост на ЈПКД „Турија’ п.о.Василево, поточно на 30-ти септември 2017 година да се насипе улица во с.Едрениково, место каде според урбаниситичкиот план  за с.Едрениково не постои улица  односно пат, туку на тоа место постои водотек-река и пасиште во сопственост на Р.Македонија.

Во пријавата стои дека На тој начин му овозможил на првопријавениот за приватни потреби на трето лице да ја искористи предметната работна машина без да се покријат трошоците.


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 15:07
Стојне Митева
Обновено во: 15:15

коментари

остави коментар