Голем дел од планираните 2,19 милијарди денари за процесот, со предлог буџетот за 2018 се наменети токму за бројните експропријации на земјиштето, вели министерот за транспорт Горан Сугарески.

„Конкретно има проблем на кракот за поврзување од Неготино до Битола, во делот пред Прилеп, каде се регистрирани огромен број експропријации, а ист е случајот и кон Тетово“ – изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

За гасификација предвидени се 310 милиони денари повеќе од лани.

Сугарески информираше и дека во тек се преговори со кинеската „Синохидро“ за продолжување на рокот за автопатот Кичево - Охрид.

„Демир Капија - Смоквица со новиот буџет, Миладиновци - Штип, пруга кон Бугарија. За Миладиновци Штип дополнителни средства не се предвидени, предвидено е да биде финиширан 30 септември 2018“ – додаде Сугарески.

Во предлог буџетот предвидени се 3,5 милијарди денари за патната и железничката инфраструктура. Меѓу приоритетните се завршување на патната делница Демир Капија - Смоквица, железничката пруга од Коридорот 8, изградбата на патниот правец Градско-Дреново. Буџетот кој тежи 3,44 милијарди евра е најголемиот буџет досега. 


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 15:01
Катерина Капкоска
Обновено во: 16:08

коментари

остави коментар