Мудра одлука да се стави крај на механзмот во кој државата со енормни суми за реклами ги финансира приватните медиумски куќи. Да се побараат други начини на финансирање на медиумските куќи., изјави претставникот на ОБСЕ Харлем Дезир. 

Проблемот со лажните вести е под надлежност на Законот за медиуми, но Владата нема намера самостојно да иницира на законски измени, изјави Манчевски. Промените ќе бидат отворени за дискусија само по барање на медиумските работници.

„Промените во Законот за медиуми треба да бидат отворени по барање на медиумските работници, односно од заинтересираните страни. Се согласувам дека имаме сериозен проблем со фејк њуз. Ние сме извор на фејк њуз на глобално ниво, но работиме заедно со ОБСЕ и други претставници на меѓународната заедница како можеме ова прашање да го адресираме на глобално ниво.

.Дел од препораките на ОБСЕ за предлог-законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги се поврзани и со целосната независност на јавниот дифузен сервис од влијанијата на Агенцијата и поголема заложба на Министерството за внатрешни работи во истрагите за напади врз новинари.



Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:30

коментари

остави коментар