Во несреќата се повредени и двајцата возачи. Сите 12 лица веднаш биле пренесени во битолската клиничка болница, каде откако им е пружена медицинска помош децата и едниот возач се пуштени на домашно лекување, бидејќи било констатирано дека имаат полесни повреди.

Потешко е повреден возачот на автобусот и тој е задржан на лекување.

Во школскиот автобус се превезувале 30-тина деца, додека комбето било наменето за разнесување на леб и со истото управувал 56 годишен жител на Крушево.

Истрагата треба да покаже под кои околности настанала сообраќајната несреќа.


Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:40
Анета Шијакова
Обновено во: 15:07

коментари

остави коментар