Поројниот дожд, поплави домови и продавници, улиците се претворија во реки и нанесоа штета на автомобили, за среќа без да има човечки жртви. По невремето островот остана без електрична енергија, а според грчките медиуми се прават напори за враќање на струјата преку пренесување на електрична енергија од соседниот остров Родос.

„Незамисливо е да гледаш како поплавата носи големи карпи и ги фрла врз паркираните автомобили и заедно ги носи кон морето. Однесе најмалку 15 автомобили. Некои храбри луѓе успеаа да стигнат до пристаништето за да помогнат, затоа што стравуваа дека може во автомобилите да има заглавени туристи.“ – раскажува за онлајн изданието на Прото тема, жител од островот.

Ден потоа жителите на Сими кој се наоѓа во близина на Турција, ги пребројуваат штетите од силното невреме и за грчките медиуми велат дека од дождот им се поплавиле домовите, а поминале тешка ноќ без струја.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 14:28
Сања Ристовска

коментари

остави коментар