Поранешната Лото девојка на екс Ју просторите , Сузана Манчиќ уште од февруари годинава најавива дека ќе се венча за грчкиот банкар Оцомокис . Веќе склучија и предбрачен договор , сите подготовки се направени , но Сузана се колаба. Иако веќе неколку години трае нивната врска , сепак никако да се круниса со брак . Манчиќ демантира дека има проблеми во врската и за српските медиуми вели дека никој не може да ја присили на нешто и оти нема зошто да ги правда своите одлуки .
,,Не се венчав , па што ? Приказните дека сум на чекор да ја откажам венчавката се глупост. Секој ден сум с епоблиску до олтарот”, изјави Манчиќ и открива дека планира да се венча на пролет .

До тогаш ќе треба да го решат проблемот со бурмите , што им биле мали , вели водителката .

Во предбрачниот договор Сузана се обврзува во целост да се откаже од правото на имот на Грчкиот банкар .

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 13:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар