Најмногу понудил бизнисменот од Хонгконг кој преку сателитска врска за тартуфите се натпреварувал со заинтересираните купувачи од Дубаи.

Изабела Џаниколо од Националниот центар за истражување на тартуфи изјави дека акциската цена била “симболична“ и со оглед на тоа дека приходите ќе бидат дадени во хуманитарни цели, не е ја отсликувала вистинската пазарна цена. На цената оваа година влијаела и сушата која го погодила ова подрачје.

„Ситуацијата е малку подобра, но очигледно дека ова нема да биде успешна година бидејќи во продажба нема да бидат големи примероци на тартуфи, иако и овие помалите се исто така многу квалитетни“ – изјавила Џианиколо.

Минатата година килограм тартуфи можеле да се купат за 3000-4000 евра, додека овогодишната цена за еден килограм изнесува 6.000 евра.

Белиот тартуф е најскапата и најквалитетната печурка во светот, а сезоната им трае од септември до крајот на јануари. Во градот Алба во Пиемонт, веќе 20 години традиционално се организира аукциска продажба на овој вид печурка.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 13:08
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:27

коментари

остави коментар