Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот. /МИА

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 12:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар