Десетици илјади Иранци втора ноќ минаа под отворено небо на минусни температури, а проценките се дека на околу 100 илјади луѓе итно им е потребно засолниште.

Според иранските власти, 30 илјади куќи се оштетени или уништени, а неколку села се целосно срамнети со земја.

Најпогодена е планинската провинција Керманшах, каде што спасувачките операции се уште траат поради непристапниот терен.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 09:29
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар