Русија ќе продолжи да соработува со Турција со цел да помогне во решавање на сириската криза, истакна Путин на прес-конференцијата во руското зимувалиште Сочи.

Тој нагласи дека нивото на насилство во Сирија е намалено и дека се стекнати услови за спроведување меѓународен дијалог.

„Го информирав Ердоган за неодамнешните преговори во Иран, како и за заедничките изјави на Русија и САД за Сирија“, оцени Путин, кој посочи дека односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени.

Средбата  меѓу двајцата лидери најпрво се одвиваше во поширока форма, по што разговорите ги продолжија одвоено.

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 09:19
Гоце Герасимовски
Обновено во: 09:24

коментари

остави коментар