Американскиот претседател крајот на светот или евентуалниот нуклеарен напад ќе го преживее во специјално дизајниран авион од типот Боинг Е-4 Бс.

Овој авион е во постојан контакт со авионот бр.1 што го коростат претседателите на САД и го следи на неговите патувања во случај да избие нуклеарна катастрофа. . Од овој авион во тој случај би работел Американскиот претседател .

Авионот чини 250 милиони долари , како и 160 илјади на час за да функционира . Освен екипажот на авионот , во него има и десетина воени , компјутерски и други експерти и стратези кои би му помогнале на Трамп да ги надмине првите часови по нуклеарната криза или напад.

Со помош на специјални радарски системи , авионот би останал во постојан контакт со нуклеарните подморници , кои би работеле и во случај да не постојат комуникации на земјината површина .

Овој авион цело време лета заедно со службениот авион на Трамп додека е во странство , а кога е во САД , тогаш неговите мотори се постојано вклучени , 24 часа за да реагираат што е можно побргу во одбрана на претсердателот.



.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 18:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар