Тоа го оцени еден од најпознатите словенечки економисти, академик Јоже Менцингер.

„Сака ли ЕУ да стане финансиска унија? Ја тука гледам три можни решенија, по примерот на оние од поранешна Југославија“ – изјави Менцингер на конференција за даноците која се одржува во Загреб.

Првиот, “конфедералниот“ модел, истакна Менцингер, поразбира потполна фискална децентрализација, во која фискалната политика останува во надлежност на државата членка. Другиот модел значи склопување финансиски пакт, што е и моменталната ситуација, во која членките само мал дел од своите приходи и препуштаат на заедничката ЕУ благајна.

Третиот модел е фискална унија, во која членките добар дел од своите фискални приходи му препуштаат на заедничкиот буџет на Унијата. Тоа во суштина би бил “федерален“ модел, каков што постоел во поранешна Југославија.

Анализите кои Менцингер ги работел за зоната на еврото и ЕУ покажуваат дека таквиот “југословенски“ модел би значел дека побогатите членки треба да се откажат од големите приходи кои ги добиваат, во корист на заедничкиот буџет, а тие пари би се трансферирале и во послабо развиените членки.

Поедноставено речено, побогатите членки на ЕУ, барем на прв поглед, би биле во загуба, а сиромашните во добивка. Но, на побогатите би им се вратило преку зголемувањето на стандардот во послабо развиените членки, па на крајот и тие би биле во плус.

Ивана Малетиќ, хрватската застапничка во ЕУ парламентот, предупреди, дека за фискалната унија е тешко да се зборува додека дел од членките на ЕУ, меѓу кои и Хрватска, се надвор од еврозоната и се додека не се постигне поголем степен на монетарна интеграција. Потребно е, како што додаде, да се поработи на намалување на разликата во степенот на развиеност меѓу членките.

„Во спротивно и понатаму ќе имаме поделби во ЕУ“ – истакна Малетиќ.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 16:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар