Севернокорејска војска пукала во војникот и го ранила додека преминувал на јужнокорејската страна од Зоната за заедничко осигурување во селото Панмун. Тој после ранувањето е пренесен во болница.

Околу 1.000 луѓе секоја година од Северна пребегнуваат во Јужна Кореја, но многу мал број се обидуваат да влезат во другата држава преку Демилитаризираната зона. Ова е четврт обид за бегство на севернокорејски војник на овој начин во последните три години, иако споменатата зона е една од најдобро чуваните појаси.

Северна и Јужна Кореја се технички во војна, бидејќи конфликтот меѓу нив во 1953 година е завршен со примирје, а не формален мировен договор.

Последниот пат, војник на овој начин успеа да побегне во 2007 година, а пред тоа во 1998  година.

Бројот на Севернокорејци кои побегнале во Јужна Кореја оваа година е помал за 13 отсто во однос на минатата година. Од јануари до август оваа година 780 Севернокорејци побегнале во Јужна Кореја, соопшти Сеул.

Овој пат е веројатно резултат на построгиот надзор и зголемувањето на безбедноста на границата. Повеќето луѓе бегаат низ Кина, која има најдолга граница со Северна Кореја и полесно е преминат отколку преку ДМЗ.

Сеул тврди дека повеќе од 30.000 Севернокорејци побегнале во Јужна Кореја од 1953 година.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 15:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар