По увидот на состојбата во која се најде семејството Стеваноски, Јованоски вети финансиска помош за обнова на нивниот дом.

- Затекнавме навистина една страшна слика, но за среќа тоа е само материјална штета. Горниот кат од куќата на Орде Стеваноски е целосно уништен во пожарот што се случил вчера. Во рамките на нашите надлежности ќе преземеме мерки за да ја надоместиме штетата во голем дел, ќе направиме напори за да добие помош и од други места, изјави Јованоски.

Како што раскажува Орде Стеваноски, во моментот на пожарот во куќата била само ќерката. Таа забележала како излегува чад од дневната соба, од каде што се наоѓал телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но за жал огнот се раширил со голема брзина преку целиот кат и целосно го опустошил. Стеваноски сега бараат помош од добронамерни луѓе, зашто велат им изгорело се што имале.

- Се е опустошено, во половина час изгоре се што имавме. Упатувам апел до сите добри луѓе да помогнат колку што можат. Сега немаме покрив над главата, ќе спиеме по роднини и пријатели, изјави Стеваноски. /МИА

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 15:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар