Дастис изјавил дека податоците покажуваат оти имало “интернет сообраќај“ од медиумските мрежи во Русија и другите делови во светот после забранетиот референдум за независност на Каталонија.

Зборувајќи за неодамнешниот состанок во Лондон, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж со еден висок претставник за независност на Каталонија, Дастис изјавил дека постојат индиции дека Асанж и другите во текот на кризата во Каталонија “се обиделе да се мешаат и манипулираат“.

Шпанските официјални претставници минатата недела соопштија дека индициите за кои зборуваат, не значи дека во тоа биле вмешани и властите на Русија.

Владата во Мадрид не објави докази кои би ги потврдиле обвиненијата за мешање во каталонската криза.

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 13:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар