Снегот кој паѓа веќе неколку часа во хрватска прави големи проблеми во сообраќајот. Наноси од снег има на патот за Загреб. Поради бура и силен ветер  прекинати се неколку бродски линии. Црвен метеоаларм е објавен и во Црна Гора поради обилни врнежи од дожд..

Според хрватските медиуми снег има во Горски Котор, Капела, Сјемен... Големи проблеми во сообраќајот поради ниската температура прават лизгавите патишта и свлечиштата, а бурата и силните удари на ветер прават проблем во сообраќајот во крајбрежното подрачје.

Забранет е сообраќајот за камиони со приколки на сите патни правци од внатрешноста на Хрватска кон Риека или Истра.



Европската мрежа на метеоролошки сервиси денеска издаде предупредување за  црвен метао аларм за целата територија на црна Гора.Алармот е на сила поради најавите за обилни врнежи од дожд, најмалку 50 мм за 12 часа и удари на ветер од 50 километри на час, како и силни грмотевици. 

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 11:15
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:24

коментари

остави коментар