Иако нивниот број е само 8 проценти од вкупниот број конзервативци во Долниот дом на Парламентот, доволни се само уште 8 потписи за предизвикување на нови избори за претседател на партијата и евентуална замена на Меј на премиерската функција, забележува весникот.

Незадоволството на пратениците е предизвикано од затегнувањето на преговорите за Брегзит од страна на Меј и недостатокот на јасна позиција по основните прашања.

Според весникот, некои министри во владата на Меј исто така не се согласуваат со нејзината позиција по прашањето за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Страшно е да се каже, но ние се приближуваме се повеќе кон моментот кога за некое време ќе треба да бидеме опозиција, за да се прегрупираме, цитира “Сандеј тајмс” неименуван извор од британската влада.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 16:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар