Ова гратче во Лапонија дом е на нешто повеќе од 18.000 жители, од кои повеќето работат во рудникот за железна руда.

Кируна се гордее со најголемиот подземен рудник за железна руда, која се наоѓа на 1.365 метри под земјата, а кој дневно произведува доволно материјал за 40.000 автомобили или 6 Ајфелови кули. Со други зборови, овде се произведува 90 отсто од целата европска железна руда.

Постојаното проширување на рудникот ја дестабилизира земјата над него, а експертите претпоставуваат дека градот ќе “пропадне“ во следните неколку децении. Со оглед на тоа дека рудникот е важен економски фактор за ова подрачје, управата донесе радикална одлука за преселување на центарот на градот за околу три километри источно.

Некои градби ќе бидат срушени и повторно изградени, а други преселени заедно со темелите. Овој необичен потфат го привлекува вниманието на туристите веќе подолго време, а ќе чини две милијарди долари.

Нови изглед го проектираат фирми од Стокхолм и Осло во соработка со истражувачи од универзитети, а целта е да се изгради еколошки одржлив град во кој жителите ќе користат повеќе јавен превоз отколку автомобили.

Како тоа планираат да го изведат, погледнете во видеото.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 16:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар