Само неколку часа пред пристигнувањето на Трамп, полицијата во манила употреби водени топови за да спречи стотици демонстранти да дојдат до американската амбасада во главниот град на Филипините, пренесоа светските медиуми.

Полицијата во заштитната опрема со пендреци во рацете ги сопре левичарските демонстранти кои носеа плакати со натписот „откачете го Трамп“ и „долу американскиот империјализам“.

Шефот на Белата куќа вчера се сретна со филипскиот претседател Родриго Дутерте на маргините на самитот АПЕК во Виетнам.

Филипините се последна станица на 12-дневната азиска турнеја на Трамп во текот на која веќе ги посети Јапонија, Кина и Јужна Кореја.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 13:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар