Во текстот под наслов „Терминали со став: Преименувањето на балканските аеродроми со цел нервирање на соседите“ се наведува дека “ширум Балканот се градат нови аеродромски терминали и се именуваат на таков начин за да се вознемират соседите“.

„Футуристичкиот нов објект е отворен во март во Загреб, во хрватската престолнина. Преименуван е по Фрањо Туџман, таткото на хватското движење за независност. Тој водеше жестока војна против хрватските Срби, кои ја подржуваа Србија и кој создадоа српска република на третина од територијата на Хрватска која беше со краток век. Повеќето Срби од 1995 година се протерани од Хрватска“ – пишува во текстот.

„Економист“ наведува дека меѓу жртвите на тоа етничко чистење биле и роднините на најпознатиот Србин на светот, Никола Тесла.

„Тесла е Србин роден 1856 година на територијата на тоа денеска што е Хрватска, но мигрирал во Америка и Србите и Хрватите го сметаат за свој. Од 2006 година, белградскиот аеродром го носи неговото име, што им смета на поедини Хрвати“ – стои во текстот.

Познатиот економски неделник наведува и други примери.

После 18 години од завршувањето на војната на Косово и понатаму не можете да летате од Никола Тесла на Адем Хашари, во чија чест приштинскиот аеродром го носи неговото име од 2010 година. Јашари бил еден од основачите на Ослободителната војска на Косово кој загинал заедно со десетици членови на поширокото семејство после српската опсада на неговото упориште во 1998 година. Денеска тој е херој за косовските Албанци, а за Србите ѓавол“ – стои во текстот.

„Економист“ тврди дека “играта околу именувањето на аеродромите ја започнале Грците со тоа што аеродромот во Солун во 1992 година го преименувале во „Македонија“.

„Грција и Македонија се во спор од прогласувањето на македонската независност 1991 година. Грција изјавува дека името Македонија имплицира територијални претензии кон делот на историската Македонија која се наоѓа во Грција. Македонците во 2007 година возвратија со промената на името на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, по основачот од периодот на античка Грција, кој го присвојуваат и двете земји. Сепак, новата влада на Македонија сака подобри односи со Грција и можна е нова промена на името“ – пишува во текстот.

Се наведува дека “некои имиња не се променети“.

„Во Босна, сараевскиот аеродром и понатаму се вика „Сараево“ како и претходно. На обидот од 2005 година да се преименува во „Алија Изетбеговиќ“, по воениот лидер на босанските муслимани, вето стави меѓународниот проконзул Педи Ешдаун.

Во Подгорица аеродромот и понатаму го носи името „Подгорица“, освен на ознаката на багажот. Таму и понатаму стои „ТГД“, потсетување на времето кога црногорската престолнина го носеше името Титоград по Јосип Броз Тито, југословенскиот лидер кој умре во 1980 година, заклучува „Економист“.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 11:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:26

коментари

остави коментар