Веќе неколку месеци кружат гласини дека Кејт Хадсон и Бред Пит се во романтична врска, сега славната актерка конечно се одлучи јавно да проговори за нивниот однос.

Гостувајќи во телевизиската емисија „Watch What Happens Live With Andy Cohen”, Хадсон негираше дека Пит покрај неа “ги лечи раните“ од разводот од Анџелина Џоли.

„Тоа е најлудата гласина. Во прв момент беше интересно, но тука нема никаква вистина. Да бидам попрецизна – Пит не сум го видела четири години“ – изјавила актерката.

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 09:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар