Промоцијата на компанијата „Џианг Сјао Баи“ е ограничена на 33 купувачи, кои секој месец, до крајот на животот, на домашната адреса ќе добиваат картон баиџиу со 12 шишенца од 100 милилитри, пишува „Машабл“.

Доколку купувачот умре во наредните пет години од моментот на купувањето, испораката може да се пренесе на еден од членовите на семејството.
Оваа акција се спроведува по повод 11 ноември – Денот на распродажбата, кој преставуваа најголемиот настан од овој вид во светот, и по количината на робата, за три пати го надминува Црниот петок (Black Friday) во САД.

„Џианг Сјао Баи“ инаку, доживотната количина на баиџиу ја продава по цена од 99.999 јуани (околу 13.000 евра).

Баиџиу, што во превод значи “бел пијалак“ во просек содржи 52 проценти алкохол.

Се прави од пченица или ориз, и се консумира како краток пијалак (шот).

Printscreen TMALL/江小白

Датум на објава: сабота, 11 ноември 2017 во 12:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар