Четири од нив за „Њујорк тајмс“ изјавиле дека комичарот мастурбирал во текот на разговорите со нив, додека петтата изјавила дека од неа побарал да го направи истото.

Комичарките Дана Мин Гудман, Џулија Волов, Ребека Кори и Еби Шакнер отворено зборувале за Луис С.К., додека петтата побарала да остане анонимна.

Гудман и Волов изјавиле дека нивниот колега во 2002 година ги повикал во хотелска соба во текот на фестивалот на комедијата во Аспен и притоа мастурбирал пред нив. Уште три жени раскажале за слични искуства.

Кори изјавила дека комичарот во 2005 година бил гостин во ТВ емисија во која и таа се појавила и побарал од неа да влезе во просторијата во која таа се пресоблекувала, за да може да ја гледа додека се самозадоволува.

Додала дека остро му одговорила додавајќи дека има ќерка и трудна жена, пишува „БиБиСи“.

Шакнер навела дека колегата во 2003 година го повикала телефонски за да биде гостин во нејзината емисија и тогаш забележала дека во разговорот со неа мастурбира.

„Се почувствував многу засрамено“ – изјавила за Њујорк тајмс.

Петтата жена наводно ја вознемирувал во деведесеттите години на минатиот век додека заедно работеле на една шоу програма. Како што истакнува, Луис побарал да ја гледа додека се самозадоволува. Таа потоа додала дека се согласила на неговото барање иако знаела дека е погрешно.

„Ја злоупотреби својата моќ“ – изјавила таа.

Комичарот ги отфрли сите обвиненија и ги нарече “гласини“, кога го прашале за коментар во текот на промоцијата на неговиот филм „I love you Daddy” во Торонто.
Инаку, вчера е откажана промоцијата на споменатиот филм непосредно откако е објавена сторијата.

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 20:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар