Брајан Либ раскажал како излегол на љубовен состанок во еден ресторан во Филаделфија, каде со девојката со која се нашол “разговарал“ два часа, за таа, кога почнале да разговараат за политика, само станала и заминала.

Кога слушна дека сум гласал за Трамп, го прекина разговорот и рече:

„Знаеш што Брајан? Ми беше забавно досега, но мислам дека сме две тотално различни личности“.

„Потоа демонстративно стана и си замина“ – изјавил Брајан.

Парот се запознал преку апликација за запознавање. Либ, член на Младите републиканци на Филаделфија, назначил дека сака да излезе со некој кој гласал за Хилари Клинтон.

Сајтот за запознавање „OkCupid” спроведе анкета во која учествуваа милион корисници, чија задача беше да се изјаснат дали би излегле со некој кој гласал за Трамп. Дури 65 отсто од испитаниците одговориле „не“.

Експертот за љубовни врски, Џин Фицпатрик изјавила дека Трамп станал една од главните теми во разговорите со клиентите, пишува Индепендент.

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 20:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар