Пред полицајците при апсењето, го признал убиството и рекол дека немал намера да ја убие туку само да ја ограби за да стигне до пари за да си ја земе дозата.

Семејството, роднините и пријателите на убиената девојка се собраа пред судот каде што утрово, 58 годишниот беше изнесен пред истражен судија и по втор пат физички и вербално го нападнаа убиецот.

„Ќе умреш„ „Убиец, убиец“, „Смрт за убиецот„-  извикуваа роднините на девојката, а за влакно беше избегнат линч. Ниту полицајците не успеаа да ги запрат во нивната намера физички да го нападнат убиецот и да го искажат нивниот бес.

Убиството се случи сред бел ден, додека девојката била на гробот на нејзин пријател, 58 годишниот сакал да ја ограби, да и ја земе чантата и мобилниот телефон. Откако девојката пружила отпор и се обидела да се одбрани, ја избодел 14 пати со нож, ја оставил во локва крв и побегнал. Чантата ја фрлил, а мобилниот телефон го продал за 20 евра.

Грчката полиција, следејќи го сигналот на мобилниот телефон на девојката, ја локализирала продавницата каде што убиецот го продал мобилниот, по безбедносните камери бил идентификуван, а подоцна и уапсен.

Со одлука на јавен обвинител, грчката полиција ги објави фотографиите од убиецот, во случај некој од граѓаните да бил жртва на 58 годишниот. 

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 17:19
Сања Ристовска

коментари

остави коментар