Хестон Хјуз од Лос Анѓелес им раскажал на претставниците на Лотаријата од Калифорнија како застанал пред една филијала на компанијата 7-Eleven во Аркадија, ден после својот роденден и за 10 долари купил лото ливче, пренесуваат американските медиуми.

Се покажало дека тоа било добитно лото ливче од 750.000 долари. Хјуз изјавил дека од наградата прво за себе ќе купи суши.

На прашањето што ќе направи со парите, одговорил дека не знае.

„Можеби ќе вложам во Биткоини, но сигурно е дека ќе изедам суши, бидејќи тоа обожавам“ – додал среќниот добитник.

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 16:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар