Новинарот на телевизијата РАИ,  Даниеле Пјервин-Сенци беше нападнат од самиот соговорник среде интервју, откако очигледно му постави незгодно прашање.

Насилникот, идентификуван како Роберто Спада, брат на познат локален мафијаш, прво му удри глава и му го скрши носот на новинарот, а потоа продолжи да го тепа со палка.

Инцидентот се случи во гратчето Остија, околу 35 километри од Рим. Напаѓачот потоа се извинил на фејсбук и соопшти дека реагирал зашто новинарот го исплашил неговиот син. Нему му се закануваа казна затвор до три години. 


Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 12:26
Гоце Герасимовски
Обновено во: 12:28

коментари

остави коментар