Изложбата на дела од годинешнава колонија, традиционално се организира во чест на Деновите на градот. На колонијата годинава учествуваа 21 автор од Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија и Македонија.

Претседателот на мултимедијалното здружение „Карпино“, Зоран Павловски на отварањето рече дека успеале со труд и учество на реномирани уметници да се етаблираат како сериозна ликовна колонија, чии дела, освен кумановската ќе има можност да ги види и публиката од државата.

- Уметниците твореа во различни техники, претежно масло на платно и секој уметник има свое видување, така што публиката ќе може да ужива воразлични авторски видувања, изјави Павловски.

На отварањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите наредните десетина дена. 

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 10:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар