Михаи Данчиу изјавил дека последното нешто на што се сеќава е како влегол во кафеана во Албести, Романија и им кажувал на пријателите дека доколку сака може да најде работа.

Потоа се разбудил во дворот на една зграда во центарот на Лондон, целиот во модринки и тој вели дека бил шокиран кога забележал дека сите околу него зборуваат Англиски.

Тој бил однесен во болница, а таму медицинска сестра од Романија му потврдила дека се наоѓа во Лондон.

Nurse Adina Costache (pictured) posted his story on a Facebook page for Romanians in the UK 

Тогаш медицинската сестра, Адина Костаче ја објавила приказната на Фејсбук за да можат да ја видат сите Романци во Англија и да открие како човекот успеал да стигне до Лондон.

He went drinking with his friends in Albesti (pictured on the map) and woke up 1,675 miles away in London 

Локалните медиуми во Романија потврдиле дека последен пат Михаи бил виден со пријателите во кафана, а приказната исто така била потврдена и од властите. Соседите изјавиле за локална телевизија дека Михаи живеел со неговата партнерка и нивните деца во домот на неговата баба и дека тој често велел дека ќе си најде работа. Но пред една недела исчезнал.

Еден сосед изјавил: „Тој е навистина добар, но во последно време не е при себе затоа што пие премногу. Пиењето му предизвикуваше дупки во меморијата и порано, затоа не е чудно што завршил вака.“

Се претпоставува дека тој до Лондон стигнал со автобус, затоа што не би го пуштиле пијан во авион. Локалните медиуми објавиле дека властите ќе му помогнат на човекот да се врати во Романија. /извор: Daily Mail

Датум на објава: четврток, 09 ноември 2017 во 17:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:23

коментари

остави коментар