Сите сцени со Кевин Спејси во филмот „Сите пари во светот“ (All the Money in the World) ќе бидат исечени и повторно ќе бидат снимени и монтирани со актерот Кристофер Пламер, потврди синоќа Сајмон Холс, задолжен за промоција на филмот.

Пламер веќе почнал со снимање на сцените. Се очекува дека и другите две ѕвезди во филмот, Марк Валбег и Мишел Вилијамс, ќе учествуваат во преснимувањето на сцените.

Филмот требаше да има светска премиера на фестивал на 16 ноември, но беше повлечен по низата обвиненија против Спејси за сексуално вознемирување. Спејси исто така е исфрлен и од серијата „Куќа од карти“ (House of Cards), која привремено е суспендирана.

Првите обвиненија против Спејси ги изнесе актерот Ентони Реп, кој обелодени дека во 1986 година кога имал 14 години, тогаш 26-годишниот Спејси, кој бил пијан, се обидел да го заведе.

Спејси рекол дека е згрозен од обвинувањата и тогаш првпат јавно призна дека е хомосексуалец.

Датум на објава: четврток, 09 ноември 2017 во 16:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар