Детето , родено во Сирија со генетско пореметување , речиси и да немало кожа , а телото му било покриено со отворени рани .

Докторите во Универзитетската болница Рур во Бохум , одвоиле дел од ДНК и потоа во лабораториски услови ,,произвеле “ кожа , со која покриле 80 % од телото на детето .

Кожата изгледа нормално , а малиот Хасан , кој цел живот го поминал во болници , сега може да излезе надвор и да си игра .
По серијата операции , родителите на Хасан се пресреќни . Ова е прва ваква операција во светот .

Генетското пореметување , кое е исклучително ретко , досега беше без решение . Дури 4 од 10 пациенти умираа во детството , велат докторите , кои на почетокот и за Хасан го предвидувале најлошото .

Но , во лекувањето се вмешале генетичари од Универзитетот во Модена , Италија , кои добиле дозвола од родителите да направат експеримент врз детето , кој се покажал успешен .

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 22:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар