Мегапопуларната актерка  редовно добива комплименти на сметка на својот изглед . За разлика од поголем број од ѕвездите од Холивуд Шерон воопшто не е поборник на естетската хирургија и тврди дека никогаш не би отишла на операција , бидејќи смета дека вежбањето и здрава исхрана и се доволни за да го одржува телото во совршена форма.

Холивудската ѕвезда покажа дека и на 59 – годишна возраст нема проблем да се соблече во костим за капење и да го покаже своето тело со сите негови мани . Викеднов Шерон е фотографирана со пријатели како ужива на плажа, фотките покажуваат дека телото на Стоун веќе не е затегнато како во филмот „Ниски страсти“.

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 09:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар