Претставата е базирана на книгата „Прекрасниот волшебник од Оз“ според која е направен и познатиот филмски мјузикл од 1939 година. Ја раскажува авантурата на девојчето Дороти кое од родниот Канзас заталкува во волшебната земја од приказните наречена Оз. Дороти по пат ги запознава своите идни пријатели - страшилото, лимениот дрвосечач и лавот.

Во претставата играат актерите: Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева.

Премиерата денеска и неколку наредни изведби на претставата ќе бидат со организирани посети на ученици од основните училишта во Велес, а потоа ќе има изведби и на репертоарот на театарот во слободна продажба.  /МИА

коментари

остави коментар